Работнички крои шампионски тим, потпиша и Бенџамин – Слободен печат
КошаркаСпорт

Работнички крои шампионски тим, потпиша и Бенџамин

Крилниот центар Двејн Бенџамин во новата сезона 2019/20 ќе ги брани боите на тимот од „Градски парк“...

Бенџамин (26) е третиот Американец во кошаркарскиот прволигаш Работнички, после Хејден Лесколт и Крис Кокли. Претходно во својата клупска кариера веќе беше дел од нашиот шампионат во периодот од 2017-2018 кога настапуваше за Кожув.

Го носеше уште дресот на Бакен Берс (Данска), Гералдстон Баканирс (Австралија), Пардубице (Чешка), а последен клуб му беше словачкиот Левицки Патриоти со кој го освои националниот Куп.

Во составот на новиот тренер Димитар Мираковски се наоѓаат уште Стефан Младеновиќ, Кирил Николовски, Виктор Ефремовски, Горан Главчев, Теодор Атанасов, Стеван Глигоријевиќ.

Да потсетиме, дека веќе е познато кога ќе стартува новата натпреварувачка сезона во Првата македонска кошаркарска лига.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close