Работнички ќе гласа, тимот од Градски парк не сака шампион во канцеларии!

facebook.com/kkmztskopje

Тимот од Градски парк ќе гласа за предлогот првенството да заврши без прогласување на шампион.

И најтрофејниот македонски кошаркарски клуб се огласи по повод актуелната ситуација предизвикана од коронавирусот и што ќе биде со натпреварувачката сезона 2019/2020.

КК Работнички кој во својата историја, 15 пати бил шампион во домашниот шампионат го даде своето размислување преку социјалните медиуми.

МЗТ Скопје Аеродром и првиот човек на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ, веќе се најдоа во конфликт и си разменуваат реакции.

фото: принтскрин/фејсбук

Тимот од Градски парк смета дека шампионот треба да се добие на теренот, а не во канцелариите.

Во пресрет на состанокот закажан за утре (среда) 29.04.2020 година од страна на КФСМ на кој треба сите клубови од првата лига да се изјасниме по двата предлога предложени од страна на КФСМ, КК Работнички АД ја известува спортската јавност дека ќе гласа за вториот предлог, односно првенството да се заврши без прогласување на шампион.

Прогласување на шампион на 50% одиграно првенство е сè, само не е спортско и фер завршница на првенството.
Шампион се станува на терен!!!
Работнички сака шампион на терен не во канцеларии!!! – КК Работнички Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот