Работнички ја оспори победата на Дино Баскет

фото: МКФ

Срѓан Ивановиќ

Екипата на Дино Баскет од Кочани е првак на Македонија во конкуренција на кошаркари помлади од 14 години. Сепак, од тимот на Работнички чии таленти загубија во финалето, реагираа до јавноста укажувајќи на низа на неправилности.

Од Работнички се сомневаат дека најмалку двајца кошаркари на Дино Баскет се повозрасни од пропишаната возраст, а во Македонската кошаркарска федерација се регистрирани со фалсификувани патни исправи.

– Станува збор за фалсификувани лиценци и бараме да се казни одговорното лице за овој фалсификат. Антиќ, Гечевски и останатите од новото раководство крајно време е да го средат овој хаос во македонската кошарка. Имавме легитимно право да не го играме овој меч, но не сакавме да им го убиваме натпреварувачкиот дух на нашите младинци – соопштија од клубот на Работнички.

Од редовите на скопскиот прволигаш се пожалија и на тоа дека во салата во Кочани, не биле поставени стандардни семафори за мерење на нападот, што внело забуна кај нивните кошаркари.

Во наредните неколку дека од МКФ ќе треба да се произнесат по жалбата на Работнички, по што ќе се разреши и сомневањето во годините на двајцата кошаркари на Дино Баскет.

Македонската кошаркарска репрезентација да потсетиме, во една прилика беше казнета со ределегација во Дивизија Б, поради тоа што од ФИБА утврдија дека неколку наши репрезентативци настапувале за јуниорски селекции со фалсификувани патни исправи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот