Работнички и Еуро Никел тргнаа со победи во плеј-офот

Екипите на Работнички и на Еуро Никел се победи го започнаа разигрувањето за титулата во домашниот шампионат. Во репризите од четвртфиналето во Купот Благоја Георгиевски – Буштур, Работнички со 72:65 го совлада ТФТ, додека Еуро Никел со 90:79 славеше над Гостивар и поведоа во плеј-оф сериите.
Најмладиот прволигаш ТФТ, уште еднаш покажа дека не случајно игра во плеј-офот, гостинските кошаркари го испотија најтрофејниот кошаркарки клуб во државава.
Првите три четвртини поминаа во израмнета игра, најголемата предност за ТФТ изнесуваше седум поени (0:7) уште на самиот старт, додека Работнички во третата четвртина дојде до плус девет (46:37), но по 30 минути игра тимот од Градски парк имаше само еден поен предност.
Работички дури во последната четвртина успеа да го скрши отпорот на одличниот ТФТ, со тројката на Ефремовски и поените на Аска, домаќините дојдоа до 65:58, предност која успеаја да ја зачуваат до крајот и да поведат во плеј-оф серијата со ТФТ.
Питс со 16 поени и Аска со 15 поени и 11 скокови беа најдобри во тимот на Работнички, додека кај ТФТ, Бејли имаше дабл-дабл од 17 поени и 11 скокови.
Екипата на Еуро Никел со 90:79 го совлада Гостивар и исто така поведе со 1:0 во победи во серијата кој прв до два триумфи. Клучен момент за победата на кошаркарите на Горан Самарџиев беше втората четвртина која ја добија со 25:15 за да заминат на одмор со 47:39. На самиот старт од второто полувреме, Еуро Никел дојде до двоцифрена предност и не ја испушти до самиот крај.
Рикиќ имаше дабл-дабл од 19 поени и 11 скокови,Мијатовиќ постигна 18 поени додека Соколов 17 за Еуро Никел, додека кај тимот на Гостивар најдобри беа Тодоровиќ со 20 и Јанески со 19 поени.
Фото: КФСМ