Работнички го преживеа гостувањето во Кавадарци

фото: druga.aba-liga.com

Кошаркарите на Работнички славеа со минимални 83:84 на гостувањето во Кавадарци кај Еуро Никел пред настапот на третиот турнир во АБА2 лигата кој ќе се одржи во Сараево.

„Центарци“ одлично го отворија натпреварот, првата четвртина ја добија со 11:30, но ниту големата разлика не ги обесхрабри домашните кошаркари кои до полувремето успеаја да анулираат осум поени и на одмор се замина со 39:50. Во третата четвртина, одлично одиграа кошаркарите на Еуро Никел кои ја ја добија четвртината со 21:12 и ја вратија резултатската неизвесност, а во последната четвртина дојдоа и до водство од 65:64. Работнички одговори со серија од осум поени и успеа да го преживее неизвесниот финиш. Прво Соколов намали на 83:84, по што Питс два пати промаши за Работнички. Во последниот напад, Еуро Никел го имаше шутот за победа но Џексон беше непрецизен.
Новото засилување на Работнички, Филип Бундовиќ имаше одличен учинок од 27 поени и 12 скокови, Николовски даде 17 поени, додека кај Еуро Никел Џексон беше најпрецизен со 22 постигнати поени.

Кошаркарите на Куманово со одлична игра во последната четвртина успеаја да направат пресврт и да слават над Гостивар со 81:73. Гостиоварци првата четвртина ја добија со 16:29, Куманово возврати во вториот период (23:8), но одлучувачки момент на натпреварот беше неверојатната серија од 17:0 на Куманово во последната четртина со која минусот од четири поени (60:64) го направи во двоцифрена предност (77:64). Отис Ливингстон беше најефикасен во Куманово со 27 поени, додека Џејлон Фрајдеј постигна со 26 поени за Гостивар.

Академија ФМП конечно ја прекина серијата од четири порази по ред откако на домашен терен го совлада Црн Дрим со 74:68. Дилемите околу победникот беа разрешени во третата четвртина која Академија ФМП ја доби со 26:6. Крстајиќ беше најдобар во победничкиот тим со 27 поени и девет скокови, додека Кардосо имаше дабл-дабл од 17 поени и 10 скокови за Црн Дрим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот