Работнички е вториот полуфиналист во Купот на Македонија

Фото: kfsm.mk

Во неизвесен финиш момците од „Градски парк“ го скршија отпорот на ТФТ (66:62), и го продолжуваат походот кон куп трофејот.

Капитенот на Работнички, Ефремовски реализираше 17 поени, еден помалку имаше Питс, а 14 беа дело на Мулалиќ.

На спротивната страна „дабл-дабл“ учинок запиша Смит со 15 поени и 11 скока, а Хортон имаше 13 поени и пет скока.

Димитар Мираковски, тренерот на Работнички:

– Тој што разбира кошарка разбира како е, знаеме каков противник имаме, честитки за енергијата со која играат ТФТ. Имавме мал проблем и со ротацијата, ограничен е бројот на странски играчи, ание кубуриме и со повреди на домашните. Бевме подготвени на се, но ни ’затаи’ реализација. Играчите покажаа карактер и дека можат да играт дефанзивно и тука го добивме натпреварот. Мислам дека овој прв натпревар секогаш е најтежок и психолошки, од утре натаму ќе играме подобро. Не нè интересира кој е вториот противник.

Претходно во првото четвртфинале одиграно во СРЦ „Кале“ – Скопје во драматичен финиш ФМП Академија го елиминираше Пелистер.

Останатите полуфиналист ќе ги дознаеме по одигрувањето на последните две четвртфинални пресметки: Еуро Никел – Гостивар (17.00 часот) и МЗТ Скопје Аеродром – Куманово (19.30 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот