Работна средба на министерката Мизрахи со амбасадорот Ромео - Слободен печат

Работна средба на министерката Мизрахи со амбасадорот Ромео

Заедно констатираа дека односите помеѓу нашите две земји се солидни, но постојат конкретни услови за нивно подобрување.

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари средба со амбасадорот на Република Италија Карло Ромео на која уште еднаш беа потврдени врските коишто ги соеднуваат двете земји, а кои се долгогодишни и посебно истакнати во делот на поддршката на Италија на нашиот еврионтеграциски процес.

Всушност Република Италија отсекогаш била еден од нашите главни поддржувачи на патот на интеграција кон Евроатлантските институции и тоа преку неопходниот внатрешен реформски процес.

Во таа насока, амбасадорот Ромео рече дека двете земји имаат значајна традиција на соработка на политичко, економско и културно поле, како и на цврстите билатерални врски окарактеризирани со бројни средби и институционални посети на највисоко ниво.

Тој ја потврди и поддршката на процесите во  Министерството за труд и социјална политика кои се во правец на унапредување на системот за социјална и детска заштита.

Прочитајте и...  Десет клиники во Москва добиле анонимни дојави за бомби

Министерката Мизрахи рече дека двете земји се поврзани и со успешно спроведување на  Договорот за социјална сигурност потпишан меѓу двете земји во 2014 година кој меѓу другото вклучува задолжително пензиско и здравствено осигурување.

Договорот се применува на граѓаните од двете држави и е од ислкучително значење бидејќи им дава сигурност на граѓаните кои престојуваат во другата држава.

Заедно констатираа дека односите помеѓу нашите две земји се солидни, но постојат конкретни услови за нивно подобрување.

Прочитај повеќе

Милановиќ денеска официјално ќе биде инаугуриран како петтиот претседател на Хрватска

Слободен печат

Коронавирусот предизвика бум кај сопствениците на авиони за летови кон Кина

Слободен печат

Три лица загинаа во невремето Денис во Велика Британија (ВИДЕО)

Слободен печат

Институт: Американско-кинескиот трговски договор тешко ќе ја погоди Германија

Слободен печат

Поповиќ: Со новата методологија фокусот е добро управување – нешто што тешко се постигнува во краток рок

Слободен печат

Кројачите нема кој да ги замени, а наместо штоф новата облека сè повеќе е синтетика

МИА

Остави Коментар

19 − три =

Прочитај повеќе

„Чекориме за правда“: Народот е желен за правда – на ред е ЕУ

Слободен печат

Три четвртини од австралиските граѓани се погодени од пожарите во земјата

Слободен печат

Град Скопје вечерва ќе ја презентира програмата за работа на „Лајка“

Слободен печат

Парламентот на Република Српска ги поддржа барањата за промени во Уставниот суд

Слободен печат

Советник на Џонсон поднесе оставка поради расистички коментари на интернет

Слободен печат

Таткото на Асанж е загрижен дека неговиот син ќе се соочи со смртна казна доколку биде екстрадиран во САД

Слободен печат