Работите отидоа предалеку по конфликтот со Нејмар, фудбалерот на Марсеј добива смртни закани

По случувањата на големото француско дерби, ПСЖ застана зад својата ѕвезда Нејмар кој го обвини Алваро Гонсалес за расизам, додека Олимпик Марсеј предупредува дека нивниот играч добива смртни закани

Големото дерби во француската Лига 1 му припадна на Олимпик Марсеј кој со 0:1 го совлада ПСЖ, но натпреварот ќе остане запомнет по тепачката која се случи во последните моменти од средбата и петте црвени картони.

Воинствено француско дерби: Тепачка, пет црвени картони, расизам и триумф на Марсеј (ВИДЕО)

Меѓу исклучените е и Нејмар кој од зад грб, го удри по глава Алваро Гонсалес, а црвениот картон го доби по интервенција од ВАР собата.

Нејмар по натпреварот го обвини фудбалерот на Олимпик Марсеј за расизам, а вербалната војна помеѓу играчите продолжи на социјалните мрежи.

Нејмар бесен по дербито со Марсеј: Жалам што се*кото не го удрив во лице

Денеска ПСЖ застана во одбрана на својата најголема ѕвезда.
„За расизмот нема место во фудбалот, во општеството и во нашите животи“, наведува ПСЖ во соопштението и притоа додава дека „силно го поддржува“ Нејмар и дека се радува на истрагата која ја отвори Лига 1.

Прочитајте и...  КФСМ има резервен план доколку се појават проблеми со коронавирусот во мак баскетот

Одговорот дојде експресно од Олимпик Марсеј.
„Гонсалес не е расист и тоа го покажува со секојдневното однесување откако е во нашиот клуб. Истото го потврдуваат и неговите соиграчи. Олимпик е симбол на антирасизмот во францускиот професионален спорт“, објави Олимпик Марсеј.

Од Олимпик Марсеј откриваат дека откако непознати лица ги објавиле приватните телефонски броеви на Алваро Гонсалес во бразилските медиуми, фудбалерот почнал да добива смртни закани.

Дојде одговорот за Нејмар: Научи да губиш

 

 

Прочитај повеќе

Војдан Стојановски и Данкерк го доживеаја и вториот пораз во францускиот шампионат

Слободен печат

Ролан Гарос: Циципас со пресврт во второто коло

Слободен печат

Сопственикот на Далас, Кјубан го спаси од улица пропаднатиот НБА играч

Слободен печат

Металург ќе игра во ракометната Лига на Европа

Слободен печат

Дортмунд ги одби милионите од Јунајтед за Санчо

Слободен печат

Алкантара позитивен на коронавирус

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тони Надал: За Федерер секогаш имавме план, против Новак не знавме што да очекуваме

Слободен печат

Иако загуби од Ѓоковиќ, Имер го има поенот на турнирот (ВИДЕО)

Слободен печат

Вардар повторно не игра ЛШ, одложен натпреварот и против Пик Сегед

Слободен печат

КФСМ има резервен план доколку се појават проблеми со коронавирусот во мак баскетот

Зоран Спасоски

Ролан Гарос: Ѓоковиќ експресно во второто коло

Слободен печат

ВАР технологија за натпреварот Македонија – Косово

Слободен печат