Работилница „Домот е наш 2“ за реанимација на дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“ – Слободен печат
ВестиКултура

Работилница „Домот е наш 2“ за реанимација на дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Работилницата ќе биде водена од 5 млади тутори и активни граѓани во Скопје со различна професионална позадина.

Домот е наш 2 е работилница која ќе се одржи на 21ви септември во мензата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Работилницата ќе биде во форма на кратки дискусии и вежби помеѓу студентите сместени во домот и студенти од градот Скопје.

Целта на оваа работилница е да се отвори дискусија на тема реанимација на дворот на студентскиот дом. Иако отворениот простор околу студентскиот дом е многу важен како за станарите на домот, така и за сите жители на општина Карпош и на Скопје, тој е запоставен и се наоѓа во незавидни услови. Реанимација на овој двор не би значело само обновување и подобрување на физичките услови на овој отворен простор, туку и заживување и внесување на програма којашто би го направила овој простор атрактивен за сите млади луѓе. Целта на проектот е да се направи brainstorming на идеи кои студентите би сакале да ги видат реализирани, но и да се поттикне иницијатива кај нив за активно вклучување во понудата на програма за истиот простор.

Работилницата ќе биде водена од 5 млади тутори и активни граѓани во Скопје со различна професионална позадина. Тутори се: Стефан Момиќ, Ивана Балабанова, Милош Андоновски , Раде Кекеновски и Кристијан Калинов.

Домот е наш 2 е настан организиран од МЕЛЕЕМ Скопје – Здружение за развој на урбана култура и актуелизација на простор кое се занимава со актуелизација на заборавени простори во градот од граѓаните и институциите, а кои имаат огромен потенцијал.

Првиот настан Домот е наш се одржа во 2013та година, кога МЕЛЕЕМ организираше предавање на архитектот на комплексот, Георги Константиновски, во платото на домот. Од тогаш до денес, се случија многу други културни настани, како и се реновираа 2 згради од домот. МЕЛЕЕМ верува дека работата кон оваа зграда е заедничка на повеќе организации, студентите, граѓаните и институциите и затоа, Домот е наш. Оваа активност е дел од „Домот е наш 2“, имплементиран од страна на добитникот на Наградата за младинско учество, МЕЛЕЕМ Скопје – Здружение за развој на урбана култура и актуелизација на простор, и е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Повеќе за туторите:

Стефан Момиќ – Pirka.avh

Еден од основачите на аудио-визуелната платформа Pirka.avh која снима аудио-визуелни искуства со музичари во заборавени природни пејзажи. Тие видеа преку стрим ги пренесуваат на интернет. Стефан е исто така и перкусионист во бендот Funk Shui и има работено во повеќе организации.

Ивана Балабанова – Beatrix Dance Center

Основач на танцовиот центар Beatrix каде млади луѓе изучуваат танци како хип-хоп, реге и други. Ивана е организатор на работилници и натпревари за танц. Некои од нивните настапи се случуваат на различни градски простори во Скопје, како платото на Музејот на Современата Уметност.

Милош Б. Андоновски – Театар за сите

Основач на Театар за сите, неформална театарска група која им дава шанса на луѓе од сите професии и возрасти да се запознаат со основните техники на театарот и преку тоа подобро да се запознаат себеси и да се стекнат со нови вештини. По професија е режисер, познат по претставата ,,Физика на тагата’’ која игра во Кумановскиот театар.

Радослав Кекеновски – Skopje Street Festival на ГТЦ

Раде оваа година беше ко-организатор на Skopje Street Festival на кровот на ГТЦ каде посетители беа голем број на млади луѓе. Инаку, тој работи во полето на маркетингот и има работено за повеќе светски брендови. Исто така, тој е пејач и текстописец во бендот Beta House.

Кристијан Калинов – Ретвитни оброк

Кристијан е активен во акцијата Ретвитни оброк каде еднаш неделно се готват оброци за бездомни лица од страна на заинтересирани граѓани и компании. Концептот на оваа инцијатива е преку самоиницијативност, група на граѓани да зготват оброк за социјално ранливите категории. Исто така, тој е дел од организацијата Светулка НОРА која што се грижи за обезбедување на подобри услови за бездомниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close