Работилница за координација на надлежните за отстранување на линданот од ОХИС

Во рамки на активностите за подигнување на јавната свест Македонско еколошко друштво во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање преку Канцеларијата за POPs организира работилница за координација меѓу надлежните институции во однос на процесот за отстранување на малата депонија со линдан во кругот на фабриката Охис во Скопје.

Работилница што ќе се одржи денеска во Скопје е организирана во рамки на повеќегодишниот проект „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122″. Проектот е координиран од Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на МЖСПП, финансиран е од Глобалниот еколошки фонд (GEF), а имплементацијата е преку УНИДО (United Nations Industrial Development Organization).

Главната цел на овој долгогодишен проект, е во следниот период да се спроведе отстранување на депонираниот линдан од една од двете постоечки депонии кои се наѓаат во фабриката ОХИС.

Македонското еколошко друштво е носител на активностите за подигнување на јавната свест, во координација со Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Остранувањето на линданот се очекува да отпочне до крај на годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот