Работи кои вашето куче не сака да му ги правите (ВТОР ДЕЛ)

Вчера го објавивме првиот дел од текстот, а во продолжение видете ги и другите работи кои му пречат на вашиот миленик.

6. Присилување на кучето да комуницира со други кучиња или со луѓе кои не ги сака

И кучињата имаат свои пријатели и непријатели. Лесно може да се забележи со кого песот сака да го помине времето, а со кого не. Многу сопственици за жал не можат да го прочитаат тоа кај својот миленик. Тие го присилуваат својот пес да се социјализира во разллични ситуации иако тој јасно покажува дека сака да се повлече од тие ситуации.
Со трпеливи и мали чекори можете да му помогнете на вашиот љубимец да ја прошири неговата зона на удобност во интеракција со други луѓе и други кучиња.
Кога го присилувате на контакт може да одговори одбранбено и дури и да нападне. Веројатно ќе се повлече или благо ќе ржи, а на крајот може и да касне некого. Истовремено ќе изгуби доверба во вас како заштитник и лидер.

7. Шетање без „мирис“

Од голема важност е на кучето да му се дозволи да го истражи светот околу него. Кучињата првенствено го доживуваат светот преку сетилото за мирис. Одредете една прошетка да биде „мирисна прошетка“. Одете бавно и дозволете му на вашиот пес да душка сè што му е интересно. Мирисните прошетки се одлична можност кучето ментално да се опушти и да ужива во природата со сите сетила.

8. Затегнат околувратник за шетање

Држејќи го презатегнат околувратникот, сопствениците го подигнуваат нивото на стрес, фрустрациите и возбудувањето кај својот љубимец. Држејќи го каишот лесно, му давате на кучето сигнал дека сè е во ред и дека нема потреба за грижа и напнатост, па и тоа е опуштено.

9. Напнатост

И на кучињата стресот не им годи исто како ни нам. Ако вашиот пес е раздразлив и поагресивен од обично, проверете го своето однесување во последните денови. Неговата состојбата можеби е одраз на вашиот стрес.

10. Здодевност

На вашето куче ќе му биде здодевно ако не ја разбивате секојдневната монотонија. Тоа цел ден ве чека да се вратите од работа или од училиште за да си игра со вас. Замислете како ќе се чувствува ако не му посветите барем малку внимание. Ако вашиот миленик ги гризе обувките, ногарките од столиците и масите, веројатно му е здодевно. Затоа обидете се да му ги ангажирате телото и умот. Еден час тренинг заменува и до неколку часа играње, бидејќи кучето се уморува ментално. Дури 15 до 30 минути вежбање трикови може да направи голема разлика меѓу среќно куче и куче на кое му е здодевно.

Извор: http://njuska.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот