Работи кои вашето куче не сака да му ги правите (ПРВ ДЕЛ)

Некои од навиките кои нам ни се нормални за кучињата можат да бидат иритантни. Значи, ако сакате да му бидете најдобар пријател на вашиот пес, дознајте како да ги поправите своите навики.

1. Користење на зборови повеќе од говор на тело

Кучињата можат да разберат и до неколку стотини зборови (шетање, седни, легни, чекај, не…), но не можат да го разберат човечкиот јазик. Тие се потпираат на нашиот говор на телото. Затоа, на нашиот миленик можеме да му пратиме измешани сигнали ако обрнуваме внимание само на она што му го зборуваме, а не на она што му го покажуваме со говорот на телото.
Обидете се да поминете цел ден да не му кажете ни еден збор на кучето, туку со него да комуницирате само со помош на говорот на телото.

2 Гушкање на кучето

Кучињата немаат раце и не се гушкаат. Ако кучето ја стави шепата на друго куче, тоа е знак на доминација. Без оглед на вашите намери, кучето го доживува тој чин како акт на доминација.
Следете го однесувањето на вашиот миленик додека го гушкате. Дали е напнат? Дали избегнува контакт со очите? Дали устата му е затворена? Сите тие се знаци дека на песот му е непријатно.

3. Галење и тапкање по главата

Повеќето луѓе мислат дека кучињата сакаат галење и тапкање по главата. Реалноста е дека повеќето кучиња ќе го издржат тоа, ама скоро сигурно е и дека нема да уживаат.

4. Приоѓање кон кучето со директен поглед во очи

Кога го гледате кучето директно во очи и притоа му се приближувате, тоа го толкува тоа како чин на доминација, па дури и чин на агресија Кучињата можат различно да реагираат – го тргаат погледот, легнуваат на грб… Во секој случај, за повеќето гледањето во очи додека им се приближуваме не е пријатно искуство.

5. Непоставување јасни правила

Кучињата сакаат да имаат правила. Тие им го прават животот предвидлив, помалку збунувачки и многу помалку стресен. Кучето ќе напредува ако ги знае границите, а кога сопственикот на позитивен начин ќе ги постави правилата, песот уште подобро ќе ја зацврсти довербата во вас како лидер.

Извор: http://njuska.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот