Работењето од дома ја отежнува работата на телекомуникациските оператори во Европа

Според германки „Водафон” сообраќајот со податоци е поголем навечер, кога граѓаните користат стриминг услуги.

Откако голем дел од европските земји прибегнаа кон применување на мерки за спречување на ширењето на корона вирусот, меѓу кои и работење од дома, милионите луѓе кои се приклучуваат на мрежите на телекомуникациските оператори предизвикуваат проблем на мрежата, па голем дел од операторите се соочија со големи проблеми. Тие велат дека сообраќајот со податоци е зголемен за 30 проценти.

Британскиот „О2″, во сопственост на шпанската фирма „Телефоника”, соопшти дека некои корисници имале потешкотии со говорните услуги откако почна работењето од дома со цел да се избегне изложувањето на Ковид-19. Телекомуникацискиот оператор „О2″ набрзо објави дека гласовните услуги на мрежите 2Г, 3Г и 4Г се враќаат во нормала и им се извини на корисниците.

Прочитајте и...  Социјалната дистанца во авионот донесува поскапи карти?

Италија, Шпанија и Австрија воведоа строг карантин, а во Германија се затворени училиштата и рестораните, поради што големиот број граѓани се пријавени на интернет од дома, користат сопствен ВиФи за повици со колегите, пријателите и роднините, а тоа ја зголемува потрошувачката на податоци по пат на фиксните мрежи.

Во исто време, забележани се повеќе повици преку мобилните мрежи отколку преку апликацијата како што е „ВацАп”, бидејќи луѓето разговараат со постарите членови на семејството, кои поретко користат апликации.

Според германкиот телекомуникациски оператор „Водафон” сообраќајот со податоци е поголем навечер, кога граѓаните користат стриминг услуги.

Прочитај повеќе

Во Сао Паоло погреби на секои 10 минути, а епидемијата сѐ уште не го достигна својот врв

Слободен печат

Мјанмар првиот извештај за заштитата на Рохинџите го поднесе до Судот на ОН

Слободен печат

Русија забрани увоз на гориво на четири месеци

Слободен печат

Социјалната дистанца во авионот донесува поскапи карти?

Слободен печат

Семејство по 92 години „владеење” ја изгуби власта во француската општина Бозак

МИА Агенција

Рекордно мал број загинати во сообраќајни несреќи во Германија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Галичани му го честитаа изборот за викарен епископ на Архимандрит Партениј

Слободен печат

Вака Американците се „дистанцираа“ викендов, среде пандемијата (ВИДЕО)

Слободен печат

СЗО привремено го прекина испитувањето на лекот хидроксиклорокин во лекувањето на коронавирусот

Слободен печат

Демант од проректори на УКИМ до ректорот Јанкуловски

Слободен печат

Мицкоски: Август и септември најдобар период за одржување на избори, тогаш е најбезбедно за здравјето на граѓаните

Слободен печат

Џо Бајден се појави во јавност првпат по два месеца

Слободен печат