Работел по 18 часот: Кривична пријава против угостител во Гостивар

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против 65-годишен сопственик на угостителски објект во Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, соопшти денеска Министерството за внагтрешни работи (МВР).

– На 27 декември во 2020 година во 18:30 часот, при извршена контрола од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во угостителски објект во Гостивар биле затекнати пет гости, со што сопственикот Д.З. ги прекршил дополнителните рестриктивни мерки за заштита на здравјето на населението од ковид-19, кои се однесуваат на ограничување на работно време на угостителските објекти до 18 часот, се наведува во соопштението.

МВР информира дека Државниот пазарен инспекторат го затворил објектот, а увид извршила и увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот