Расте бројот на работници на „црно“ увезени од странство

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Според сознанијата до кои дојде „Слободен печат“ најмногу лица кои работат на „црно“ се во градежната индустрија. Како причина за тоа се спомнуваат странските градежни компании кои се ангажирани да работат кај нас.

Минатата, 2019 година, за разлика од претходната, 2018 , се зголемил бројот на затекнати лица кои работеле „непријавени“, покажуваат податоците од Државниот инспекторат за труд.

Во 2018 година, при извршените 17.848 контроли на инспекторите, е откриено дека на „црно“ има 61 вработен, додека лани инспекторите извршиле помалку контроли, или 14.030, но бројот на непријавени работници изнесувал 94 лица.

Инаку затекнатите непријавени работници биле вработени во компании кои се занимаваат со угостителство, продажба на мало, фризерски и козметички услуги, одржување и поправка на моторни возила, изградба на станбени и нерезидентни згради …

Според сознанијата до кои дојде „Слободен печат“ најмногу лица кои работат на „црно“ се во градежната индустрија. Како причина за тоа се спомнуваат странските градежни компании кои се ангажирани да работат кај нас. Тие се соочуваат со проблеми при наоѓањето работна сила од Македонија, па поради тоа сопствениците се приморани да носат работници од Албанија и Косово со цел да ги завршат договорените работи.

„Слободен печат“ контактираше со неколку градежни компании во нашата земја, а повеќето од нив потенцираа дека доколку конкурентите од странство се служат со таква практика, тогаш тоа е проблем, како за нив, така и за државата.

– Генерално зборувано, нас здрава конкуренција не ни е пробем. Доколку тие ги носат работниците и ги запазат сите законски одредби, за нас не претставува проблем. Но проблем претставува нелојалната конкуренција, без разлика дали станува збор за странски работници или домашна работна сила што ја принудуваат да работи вон прописи – ни изјави в.д. директорот на ДГ Бетон А.Д. Скопје, Коста Глигориевски.

Според Инспекторатот, нивните инспектори, покрај редовните контроли кои ги извшруваат секој месец, вршат контролни надзори и по писмени барања од странки.

Од Државниот инспекторат за труд велат дека на нивната интернет страница, како и на дежурната телефонска линија, речиси секојдневно добиваат повици и пораки од работници кои се жалат за прекршување на нивните работнички права, при што се извршуваат надзори по барање на странките.

Овие поплаки во принцип се однесуваат на засновање на работниот однос, потоа за престанок на работниот однос, за неисплатени плати и надоместоци, од работниците кои се технолошки вишок, за работното време и прекувремената работа, правото на одмор и отсуства, како и се останато.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот