РАБОТА ОД ДОМА: Добра за дел од вработените, но не и за цела компанија

Profimedia
Фото: Профимедиа

Работодавците изминатите недели забрзано бараа технички решенија за работа од дома и денес стотина милиони Европејци работат од своите домови. Во настојувањето да се спреши ширењето на коронавирусот, тоа стана единствен избор.

Дури и пред пандемијата да го погоди светот, започна да се популаризира работата од дома. Во последните 15 години се проценува дека овој тренд е тројно зголемен, а особено е раширен во Холандија и во Финска, пренесува „Новац.хр“.

Според податоците на „Евростат“, во 2018 година во претходно споменатите две земји од дома работеле околу 14 отсто од вработените. Таквата пракса во ЕУ најмалку била раширена во Бугарија (0,2 отсто) и во Романија (0,4 отсто), но и во Хрватска не била особено застапена, односно овој начин на работа го користеле само 1,4 отсто од вработените.

Многу е веројатно по кризата поради коронавирусот многумина да ги увидат предностите на овој начин на работа, но и некои недостатоци. Во документот „Функционира ли работата од дома“ од 2016 година, група на економисти го наведуваат примерот на кинеската туристичка агенција „Ctrip“ која вработува 16.000 луѓе. По случаен избор е избран персоналот во кол-центарот да работи од дома.

На почетокот експериментот изгледал како „победа“ и за работниците и за работодавците; вработените работеле повеќе, помалку отсуствувале од работа бидејќи биле позадоволни, а компанијата заштедила повеќе од 1.000 долари по вработени бидејќи ѝ бил потребен помал работен простор.

Меѓутоа, кога „Ctrip“ политиката за работа од дома ја прошириле на целата компанија, ситуацијата повеќе не била иста. Луѓето се жалеле на осаменост, прекинати се социјалните контакти кои се нужни за продуктивна тимска работа и исчезнала креативноста. Онлајн-комуникацијата не може да осигури нужна психолошка сигурност за отворена комуникација. Со неа, на пример, се губат саркастичноста или духовитоста, бидејќи напишаните и изговорените мисли можат да имаат сосема друго значење.

За да се задржи креативноста и продуктивноста на вработените, од работодавците се очекува пошироко прилагодување во новите услови за работа.

Тоа вкучува и подобра процена на продуктивноста на работењето од дома. Наместо присутност во канцеларии, важни се остварените задачи. Освен тоа, се препорачува и одржување на видеоконференции или некои други начини на комуникација во кои вработените ќе можат да разговараат лице в лице, изнесуваат свои идеји и на нив добиваат реакција, без разлика дали е реакцијата е одобрување, смеење, сарказам или кавга.

Видео на денот