Работа од дома: Дали носењето пижами може да влијае на продуктивноста?

pixabay

Здравиот разум и искуството ни кажуваат дека облеката што ја носиме влијае на нашиот начин на размислување.

Без разлика дали станува збор за професионален готвач кој носи престилка или лекар со бел мантил, работната облека ни помага полесно да се „внесеме“ во професионалната улога.

Во едно истражување објавено пред скоро една деценија, истражувачите од Универзитетот Нортвестерн во Илиноис, САД докажаа дека испитаниците биле подобри во извршувањето на работните задачи кога биле облечни во соодветната униформа.

unsplash

Други истражувања на американски истражувачи спроведени во 2014 година откриле дека волонтерите имале подобри преговарачки перформанси (и имале поголемо ниво на тестостерон) кога носеле цено одело, во споредба со другите што носеле тренерки.

Значи, иако вашите колеги не можат да ве видат во пижами, удобно сместени во вашиот кревет или дневна соба, сепак треба добро да размислите дали работното време треба да го поминувате облечени во пижами.unsplash

Внимавајте, можете да ја изгубите психолошката корист од облекувањето за на работа. Сепак, мозокот е навикнат дека пижамите се поврзани со спиење и инцерција, со што суптилно ќе ја намали вашата концентрација а со тоа и продуктивност во текот на работниот ден.

Покрај облеката, други совети за зголемување на продуктивноста кога работите од дома вклучуваат и одвојување од социјалните мрежи, телевизија, семејството и пријателите за време на работните часови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот