Путин жестоко ги осуди нападите во Ница: Терористите немаат човечки морални вредности

Рускиот претседател Владимир Путин го оцени денешното злосторство во Ница како цинично и сурово, а човечкиот морал како потполно странско чувство за терористите, порачувајќи дека Москва е подготвена за блиска соработка со другите земји во борбата против тероризмот.

Тој го рекол тоа во порака упатена кон францускиот претседател Емануел Макрон во која на нему и на фамилиите на жртвите им изрази сочуство заради нападите во Ница каде непознат маж уби три лица и рани повеќе луѓе.

ВИДЕО: Масакр во Ница, обезглавени две лица, неколку повредени – напаѓачот застрелан

„Уште еднаш видовме дека терористите ги немаат човечките морални вредности. Јасно, борбата против меѓународниот тероризам бара конкретни чекори на меѓународната заедница, рече Путин.

Путин рекол дека Москва е подготвена заедно со Франција и останатите партнери да се борат против тероризмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот