Путин збесна: Непочитувањето на мерките ќе го сметам за намерно злосторство!

Знам за што станува збор. Тоа е резултат на намера. Поинаку тоа не можам да го наречам, истакна рускиот шеф на државата.

Рускиот претседател, Владимир Путин објасни дека зголемувањето на бројот на заразени лица со коронавирусот во некои региони на Русија се должи на намерно постапување и побара од надлежните органи да ги почитуваат сите санитарни регулативи.

На состанокот на санитарно-епидемиолошката состојба во Русија, Путин ги спомена негативните случувања во некои региони на Русија, каде е забележан зголем број за заболени.

-Знам за што станува збор. Тоа е резултат на намера. Поинаку тоа не можам да го наречам, истакна рускиот шеф на државата.

Тој побара да му се доставуваат дневни извештаи и прогнози за ситуацијата. Путин најави и дека армијата може да биде вклучена во мерките против Ковид-19, вклучително и помош од воено-медицинскиот персонал.

Во поголемиот број руски региони се воведени слични мерки како и во Москва, при тоа препорачувајќи им на граѓаните да не ги напуштаат домовите ако е неопходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот