Путин застана во одбрана на Хуавеј: Политиката на САД може да доведе до војни

Фото: Профимедиа

Претседателот на Русија, Владимир Путин, застана во одбрана на технолошкиот гигант Хуавеј, потенцирајќи дека политиката која ја води САД може да доведе не само до трговски, туку и дореални војни.

– Во некои кругови, ова веќе се нарекува прва технолошка војна на дигиталната ера – рече Путин.

Тој истакна дека соработката меѓу Русија и Кина е важна за глобалната безбедност. Рускиот претседател, исто така, нагласи дека Москва е отворена за соработка со сите земји, вклучувајќи ги и САД.

Путин го обвини Вашингтон за „неконтролиран економски егоизам”, издвојувајќи ги американските напори за спречување на рускиот гасовод до Европа и американската кампања за да ги убедат земјите да го забранат Хуавеј.

Хуавеј е на мета на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во мај им забрани американските компании да продаваат опрема на таа кинеска група, која ја сомничи за шпионажа во корист на Пекинг.

– Обидите да се монополизира новиот технолошки бран и да се ограничи пристапот го поставува проблемот на глобалната нееднаквост на едно ново ниво –  изјави синоќа Путин.

Според него, тоа ќе биде „голем извор на нестабилност во светот”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот