ПУТИН започна со промените за ЦЕЛОСНА ИЗОЛАЦИЈА на Русија?

Фото: SERGEI BOBILYV / EPA

Претходно оваа година, рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за рускиот Интернет (РуНет), со цел да ја заштити инфрастуктурата за комуникации на земјата, доколку во некој случај Федерацијата би била искучена од светскиот Интернет, рече тој. Експертите тогаш сметаа дека тој ја отвора вратата за креирање на систем сличен како оној во Кина, со кој ќе ја изолира Русија од надворешниот свет, објави „Форбс“.

Сега, Александар Жаров, првиот човек на федералниот регулатор за комуникации „Роскомнадзор“ потврди дека започнал процесот на инсталирање на опрема на мрежите на поголемите телекомуникациски оператори, и „РуНет“ ќе започне да ја тестира на почетокот на октомври.

Кога беше воведена законската регулатива, се отвори дебата за тоа дали таа всушност ќе функционира и во практика. Руската влада тврдеше дека нејзината цел е да се справи со „заканите на стабилната, безбедна и интегрална операција на рускиот Интернет на територијата на земјата“, со централизирање на „генералната мрежа за комуникации“. Ова функционира со создавање на алтернативен домен (DNS) за Русија, со кој ќе го пренасочи својот веб-сообраќај надвор од меѓународните сервери.

„Москва тајмс“ тогаш објави дека „Русија на средина на 2014 година спровеле тестирања на можностите на земјата за соодветен одговор доколку нивниот Интернет е искучен од глобалната мрежа. Тајните тестирања наводно покажале дека целосна изолација на рускиот Интернет е возможна, но сѐ би требало да се врати „онлајн“ за 30-тина минути.

Во однос на тестирањето, Жаров уверува дека целиот процес ќе се спроведува многу внимателно, според информациите од локалните медиуми, објаснувајќи дека проверките на веб-сообраќајот нема да влијаат врз конекцијата, и дека сите сервиси ќе работат. Планирано е целото тестирање да биде комплетирано до крајот на октомври.

Неодамнешните чекори и обиди да го згаснат мобилниот интернет за да се превенираат протестите против Путин и предупредувањата на владата дека пристапот до социјалните мрежи би можел да биде ограничен не им влеа многу доверба на граѓаните.

„РуНет“ треба да започне работа во ноември. Според „Фридом он д нет“, руската Интернет-слобода шест години последователно е во опаѓање, по обидите на владата да ја блокираат популарната апликација за комуникација „Телеграм“, бројните предлози за нови закони за рестрикција на анонимноста на Интернет и зголемување на цензурата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот