Путин: Загинаа над 4.000 лица во Нагорно – Карабах, сега борбите се целосно запрени

Фото: EPA-EFE/LUSI SARGSYAN

Во борбите во Нагорно – Карабах загинаа над 4.000 луѓе, вклучувајќи и цивили, а над 8.000 се повредени, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој наведе дека бројот на избеганите во таа зона е над 10.000 како и дека се уништени многу култни објекти на цивилната инфраструктура.

На 9 ноември беше потпишана трилатералната декларација меѓу лидерите на Азербејџан, Ерменија и Русија која „овозможи целосно запирање на крвопролевањето и стабилизација на ситуацијата“, нагласи Путин на видеоконференцијата за хуманитарните проблеми во тој регион, пренесе ТАСС.

– Гранатирањето и борбите се целосно запрени, рече тој и додаде дека руските мировни сили се разместени долж линијата на контактот.

Тој изрази надеж дека самиот збор „судир“ повеќе нема да биде користен за опишување на ситуацијата во Нагорно – Карабах.

-Се надевам дека повеќе нема да зборуваме за судир околу Нагорно- Карабах и се надевам дека наскоро ќе поминеме на расправа за други прашања, од кое едно секако, е многу актуелно, рече Путин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот