ПУТИН ЗА ГВАИДО: Бог не ни одговори дали го прифатил за претседател!

Фото: EPA

Рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи го обраќањето на лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гваидо до Бог, нагласи дека од Господ, во таа прилика, Гваидо „не добил никаков сигнал“ и го повика „да се спушти на земјата“.

-Господинот Гваидо излезе на плоштад, ги крена очите кон небото обраќајќи му се на Бог и се прогласи за претседател. Одлично, но Бог не ни соопшти како реагирал на оваа негова молба. Не ни даде никаков сигнал – изјави Путин на конференцијата за медиуми со италијанскиот премиер Џузепе Конте во Рим.

– Затоа мислам дека мора да се спушти на земја и да се раководи според демократските процедури и правила кои се сведуваат на едно – дијалог и обраќање кон народот и гласачите. Ттреба да се оди да избори и да се реши прашањето за идниот развој на земјата – нагласи Путин.

Путин информираше дека за тоа зборувал на сите состаноци во Рим и Ватикан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот