Путин во Уставот сака да воведе дека бракот е заедница меѓу мажот и жената

Фото: dmitry astakhov / EPA

Путин минатиот месец имаше изјавено дека додека тој е на власт, во Русија нема да има легализација на истополови бракови.

Рускиот претседател, Владимир Путин предложи измена на рускиот Устав според кој би било воведено дека бракот е заедница меѓу мажот и жената, пишува Ројтерс.

Тоа е еден од предлозите за измена на Уставот кои рускиот претседател денеска ги упати. Критичарите на неговиот режим сметаат дека според тоа како Русија тргнала кон измените на уставот, дека Путин би можел да остане на власт и по 2024 година кога му истекува мандатот. Неговите поддржувачи ова пак го гледаат како шанса уставот да се смени и така да ги оддржи клучните морални и геополитички вредности на Русија за иднината.

Путин минатиот месец имаше изјавено дека додека тој е на власт, во Русија нема да има легализација на истополови бракови.

Во Русија инаку, се до 1993 година хомосексуалноста се сметала за криминал, а до 1999 година се сметала за ментална болест. Според сегашните руски закони само хетеросексуалните парови можат да посвојат дете. Покрај тоа, во 2013 година бил донесен закон според кој се забранува „геј пропаганда“ насочена на младите Руси.

Самиот Путин има речено дека нема предрасуди кон геј личности, но дека спремноста на западните земји да ја прифатат хомосексуалноста не се совпаѓа со традиционалните руски вредности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот