Путин: Треба да се работи со талибанската Влада на Авганистан

Песков и Путин
Рускиот претседател Владимир Путин и потпаролот на Кремљ, Дмитри Песков/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Авганистанската Влада формирана од талибанците не е репрезентативна и инклузивна, но од суштинско значење е да се работи со неа, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на заедничкиот состанок на лидерите на Организацијата за договор за колективна безбедност (ОДКБ) и Шангајската организација за соработка.

Путин, исто така, рече дека многу граѓани на Авганистан ја напуштаат својата татковина и оти се надева дека тоа нема да биде „повеќемилионски егзодус”.

-Талибанското движење, кое всушност стана една земја, формираше своја влада, која ја презеде одговорноста за иднината на Авганистан. Ова е привремена влада, и како што велат самите талибанци, таа навистина не може да се нарече репрезентативна, рече Путин.

-Сепак, се чини дека е неопходно да се работи со талибанците, а што се однесува до признавањето, Путин се согласи дека е неопходно да се координира позицијата за тоа прашање.

Според него, оптимално би било да се поттикне дијалог „преку механизмот на проширената тројка за Авганистан, и таа работа е веќе во тек”. Покрај тоа, Путин изрази уверување дека ОДКБ и СЦО се заинтересирани „да им помогнат на Авганистанците конечно да постигнат мир и стабилност”

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот