Путин сподели свои сознанија: Во Нагорно Карабах загинале близу 5.000 луѓе на двете страни

Фото: EPA-EFE/MICHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека, речиси, 5.000 луѓе загинале од почетокот на конфликтот во регионот Нагорно Карабах на крајот на септември.

– Според моите информации, двете страни имаат по повеќе од 2.000 жртви, што значи дека вкупниот број е близу 5.000, рече Путин.

Судирите меѓу азербејџанските и ерменските безбедносни сили во Нагорно Карабах траат од 27 септември. Ерменија и Азербејџан се борат со децении околу Нагорно Карабах, област со мнозинство Ерменци, која беше припоена од Азербејџан за време на советската ера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот