Путин се врати во Кремљ, со недели управуваше со Русија од резиденција на село

epa08379645 Russian President Vladimir Putin attends a meeting with bankers and ministers to discuss support for the national economy amid the coronavirus pandemic via teleconference call at Novo-Ogaryovo state residence, outside Moscow, Russia, 23 April 2020. EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / KREMLIN POOL/SPUTNIK MANDATORY CREDIT

Во текот на изминатите неколку недели, Путин работеше од резиденцијата западно од Москва и преседаваше со состаноците преку видео конференција.

Рускиот претседател Владимир Путин дојде денеска во Кремљ откако официјално беше објавено дека состојбата околу коронавирусот се подобрува што и овозможува на Русија наскоро да отвори одредени туристички одморалишта и да ја ублажи блокадата во бројни региони.

Путин денеска се состана со директорот на руските железници и тоа беше негово прво појавување во Кремљ од 9. мај кога Русија одбележа 75 години победа над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Во текот на изминатите неколку недели, Путин работеше од резиденцијата западно од Москва и преседаваше со состаноците преку видео конференција.
Во Русија во текот на изминатите 24 часа се заразени 8.946 лица од коронавирус, со што вкупниот број се зголеми на 353,427. Починаа уште 92 лица, па бројот на смртни случаи од ковид-19 се зголеми на 3.633.
Најтешко погоден регион во Русија е Москва, која влегува во деветтата недела од блокадата, а градоначалникот Сергеј Собјанин наведува дека е премногу рано да се укинат забраните.
Границата на Русија останува затворена како и училиштата, а премиерот Михаил Машустин побара од Русите да не одат на одмор во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот