24 C
Скопје

Путин самиот ќе објави кога ќе ја прими втората доза, но и понатаму не открива од која вакцина

Рускиот претседател Владимир Путин самиот ќе објави дека ја примил втората вакцина против ковид-19, рече денеска за медиумите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Претседателот ќе ја добие втората доза. Тој ќе извести за втората доза, исто како што го направи тоа и со првата, наведе портпаролот на Кремљ.

Песков на 10 април рекол за ТАСС дека Путин се уште не ја примил втората доза на вакцината.

Рускиот лидер првата доза на вакцината ја прими на 23 март.

Тогаш не беше откриено која вакцина тој ја прими, а неговиот претставник таа одлука ја објасни со тврдењето дека сите три руски вакцини се ефикасни и сигурни.

Во Русија се регистрирани три вакцини против коронавирус – „Спутник В“, „ЕпиВакКорона“ и „КовиВак“.

Извор: Блиц.рс

Поврзани вести

Спорниот закон за легализација на дивоградбите се враќа на доработка

Слободен печат

Зајберт: Германија сè уште не размислува за целосно отворање на лето

Слободен печат

Заев: Не би требало да има измени во извршната власт

Слободен печат

Британија го повика Израел да дејствува пропорционално, Германија го осуди Хамас

Слободен печат

Бугарија одлучи да се приклучи на договорот на ЕК со „Фајзер”

Слободен печат

Италија го укина карантинот за патници од ЕУ, од Велика Британија и од Израел

Слободен печат

Остави Коментар