Путин сака да создаде руска Википедија: Се вложуваат 27 милиони долари
Рускиот претседател Владимир Путин, сугерирал на тоа дека неговата земја треба да има сопствена верзија на Википедија, јавува агенцијата РИА.
Путин рекол дека е пожелно да постои и руска верзија на оваа онлајн енциклопедија, поради тоа што на тој начин на неа би се нашле „доверливи информации, претставени во добар, модерен облик“.
Ќе се вложат 27 милиони долари во тој проект
Кремљ планира да вложи 27 милиони долари во проект, кој би требало да се реализира до 2022 година.
Пред неколку дена руските влати добија овластување за гасење на интернетот во земјата.
Владата има за цел да создаде инфраструктура за „суверен“ интернет, нешто што го претставија како нужност за одбрана против надворешните сајбер напади.
Критичарите пак, од друга страна, ја гледаат оваа мерка како чекор понапред кон поголема цензура.