Путин сака да ги подобри односите со талибанците во Авганистан

Владимир Путин
Владимир Путин /EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / SPUTNIK / KREMLIN

Русија сака да ги подобри односите со талибанците во Авганистан, изјави рускиот претседател Владимир Путин во Душанбе за време на вчерашната посета на Таџикистан.

-Правиме се што можеме за да обезбедиме нормализирање на ситуацијата во земјата и се обидуваме да изградиме врски со политичките сили кои ја контролираат ситуацијата, рече Путин за руските медиуми.

Иако талибанците сè уште не се меѓународно признати, овие исламски милитанти владеат со поголемиот дел од Авганистан од летото 2021 година.

Посетата на Путин на Таџикистан, поранешна советска република, е негово прво патување во странство откако руските сили ја нападнаа Украина кон крајот на февруари.

За време на разговорите со таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон, рускиот претседател се осврна на „споделената одговорност” за стабилноста во регионот. Русија има воена база во Таџикистан.

Путин денеска патува за Туркменистан, втората поранешна советска земја од Централна Азија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот