Путин: САД со одлуката за Голанската Висорамнина ја кршат резолуцијата на ОН

Фото: Профимедиа

Претседателот на Русија, Валдимир Путин, денеска изјави дека одлуката на САД да ја признаат Голанската Висорамнина како територија на Израел претставува кршење на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации.

– Што се однесува за признавањето на Голанската Висорамнина како дел од израелска територија, го знаете ставот на Русија за тоа – изјави Путин по разговорот со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.

Рускиот претседател истакна дека таквата одлука на Вашингтон е спротивна на релевантната Резолуција на Советот на безбедност на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот