Путин: Руската флота е способна да открие и уништи која било цел

Владимир Путин/ EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / KREMLIN POOL/SPUTNIK / POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин на големата поморска парада во Санкт Петербург денеска изјави дека руската флота е способна да открие и уништи „која било цел”.

Главната парада се одржува по повод 325-годишнината од формирањето на руската флота.

– Денес, руската флота има се што е потребно за непогрешливо да ја брани татковината и нашите национални интереси. Ние сме способни да откриеме каква било непријателска цел под вода, на површината или во воздухот и да нанесеме смртоносен удар, доколку е потребно, рече Путин.

Според него, Русија го зазеде своето место меѓу „најголемите поморски сили на светот“ со развивање „поморска авијација со краток и долг дострел, крајбрежни одбранбени системи и хиперсонично прецизно оружје на новата генерација која е неспоредлива во светот и продолжува успешно да се доработува и подобрува”.

На петтата парада учествуваат 54 бродови, 48 авиони и повеќе од 4000 војници.

Во Санкт Петербург вечер во 20 часот ќе се одржи свечен артилериски почесен оган, но поради епидемиолошките мерки нема да има публика.

Русија на почетокот на неделава објави дека успешно тестирала нов систем за противвоздушна одбрана С-500 и крстосувачка ракета хиперсоничен Циркон од новата генерација на оружје, за кои претседателот Путин вели дека не постојат такви во светот.

Русија планира да ги опреми своите подморници и воени бродови со ракетниот систем Циркон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот