Путин: Руската армија може да спречи напади со дронови

Обраќање на Путин пред пратениците /Москва / Фото/EPA-EFE/SERGEI BOBYLEV/SPUTNIK/KREMLIN POOL

Претседателот на Русија, Владимир Путин истакнувајќи ја важноста на развојот на беспилотната авијација наведе дека руската армија прилично ефикасно ги одбива нападите со дронови.

– Научивме да ги одбиваме нападите со дронови и тоа го правиме прилично ефикасно, истакна Путин на состанокот со претставници на одбранбената индустрија во Сочи.

Тој додаде дека беспилотната авијација изминатите години се покажала како ефикасна и опасна, наведувајќи го примерот со терористичките напади со дронови во Сирија.

Путин наведе дека руската армија во моментот располага со над 2.000 беспилотни летала. 

Извор: МИА