Путин прифати на 22 април да се гласа на референдумот за уставни измени

Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN

Според Крашениников, денот на гласањето ќе биде неработен за граѓаните.

Рускиот претседател Владимир Путин се согласи со предлогот на 22 април да се одржи национално гласање за уставните измени. Ова денеска на новинарите им го соопшти копретседателот на работната група за подготовка на измените во рускиот Устав, Павел Крашениников, јави ТАСС.

Референдумот за уставни промени со кои вистинската моќ во државата би се пренела од претседателот на премиерот или парламентот, што, според критичарите, би му овозможило да го продолжи своето владеење и откако ќе го напушти Кремљ.

Според Крашениников, денот на гласањето ќе биде неработен за граѓаните.

На денешната средба со членовите на работната група, Путин рече дека „целосно се согласува” со предлогот да се воведе уставна забрана за високорангираните државни функционери во Русија да поседуваат материјални и финансиски средства во странство. Тој предложи проширување на списокот на високите позиции, со цел меѓу нив да се вброи и претседателот на земјата.

Путин рече дека во Уставот може да стави и дека рускиот е јазик на „државотворниот народ”. Според него, тој текст е во согласност со предлогот на работната група дека на територијата на Русија „се гарантира етнокултурна и јазчна разноликост”.

Со уставните промени, меѓу другото, се предвидува јакнење на улогата на Парламентот во номинирањето на премиер, ограничување на претседателскиот мандат на вкупно два, наместо два последователни, кандидатите за претседател на Русија ќе треба да престојувале 25 наместо досегашните 10 години во земјата, формирање на претседателски совет, кој ќе ги утврди главните насоки на внатрешната и надворешната политика на Руската Федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот