Путин предложен за Нобелова награда за мир – Кремљ: Ако ја добие наградата тоа е одлично, но не го номиниравме ние

владимир путин
Рускиот претседател Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот писател Сергеј Комков денеска објави дека го предложил претседателот на Русија, Владимир Путин за Нобелова награда за мир.

– Процесот по поднесувањето на мојата пријава до Нобеловиот комитет вече почна! И никој не може да го запре, напиша Комков на Фејсбук.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Кремљ не го номинирале Путин за Нобелова награда.

– Сите знаете дека за оваа награда се номинирани потполно други луѓе, ова е иницијатива на оние кои ја поднесуваат номинацијата. Во овој случај номинацијата ја поднел споменатиот писател, рече тој.

Портрапоролот исткана дека ако Путин ја добие наградата е одлично, но ако не ја добие, тоа „нема да биде проблем“, пренесува Тасс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот