Путин предлага дополнителни причини за разрешување сенатори и пратеници

Фото: ЕПА

Рускиот претседател Владимир Путин поднесе предлог-закон до Долниот дом на Парламентот, со кој се бара проширување на списокот на причини потребни за смена на сенаторите и пратениците.

Предлог-законот предвидува и поранешниот претседател на Русија да може да се кандидира за доживотен сенатор три месеци по заминувањето од функција, пренесува ТАСС.

Според сегашните прописи, сенатор или пратеник мора да поднесе оставка доколку има странски сметки и заштеди или ако стекне странско државјанство.

Новиот предлог-закон предвидува сенатор или пратеник да бидат отстранети од функцијата доколку за време на нивниот мандат се покаже дека имаат странско државјанство или дека не живееле во Русија за одредениот временски период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот