ПУТИН ПРЕД 20 ГОДИНИ ОДБИЛ ВОТКА КОЈА МУ ЈА ПОНУДИЛЕ: Сега се врати и го прифати пијалокот, еве од кои причини (ВИДЕО)

Претседателот на Русија, Владимир Путин го исполни ветувањето кое го дал пред 20 години – испил чашка вотка која ја одбил и ја оставил за време на својата посета во Дагестан во август 1999 година.

Путин се сретна со учесниците на народното востание кои учествувале во борбите во Дагестан во август и септември 1999 година. Откако ги изговорил поздравните зборови, присетувајќи се на некогашните случувања, шефот на државата го завршил својот говор со подигнување на чашка вотка и пиење до крај.

„Сакам од се срце да ве поздравам и да ви се заблагодарам на поканата. Ме повикавте во живо, со задоволство дојдов. Се сеќавам на тие случувања, апсолутно искрено велам: она што овде се случи ми беше исклучително важно. Тоа беше апсолутно принципиелна работа, затоа што видов што поддржуваат луѓето, сфатив дека луѓето се подготвени за најголеми жртви за Татковината“, истакна Путин.

Според неговите зборови од тој момент му било јасно дека „ќе победиме, дека терористите немаат шанси. Токму во тој момент“, додаде рускиот лидер.

Овие денови во Дагестан се одбележуваат 20 години од упадот на терористите од Чеченија и нивен пораз. Доаѓањето на Путин во Ботлихскиот регион во Дагестан два дена откако беше именуван за премиер го подигна тогаш моралот на жителите.

Тогаш по состанокот меѓу Путин и воените генерали се случила познатата анегдота со чашката алкохол. По обраќањето на Путин, сите ги подигнале чашките за здравица, а тој ја удрил на маса и рекол: „Ќе пиеме кога ќе победиме“.

На овогодишната конференција „Директна линија со Владимир Путин“, претседателот го потсетиле на оваа случка. Путин тогаш ветил дека ќе ја испие чашата која ја оставил недопрена во август 1999. година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот