Путин: Повеќето американски и европски компании сè уште работат на рускиот пазар

Рускиот претседател Владимир Путин/EPA-EFE

Руските власти не ги исклучија западните компании од земјата и повеќето американски и европски компании сè уште работат на рускиот пазар, изјави рускиот претседател Владимир Путин на инвестицискиот форум „Русија повикува“.

„Никого не избркавме од нашиот пазар“, рече Путин и додаде дека „и покрај политичкиот притисок, многу партнери, вклучително и оние од Западна Европа и САД, останаа на рускиот пазар“, пренесува ТАСС.

Тој наведе дека приближно половина од тие компании продолжуваат да работат во претходниот режим, некои го префрлиле управувањето на поединци и фирми што им се подредени, четвртина ја напуштиле Русија и посочи дека некои компании најавуваат повлекување од руската економија.

Путин оцени дека проблемите со кои се соочуваат економиите во Европа се главно резултат на раскинувањето со Русија, особено поради откажувањето од руските енергетски испораки, кои ги имале по „разумни цени“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот