Путин потпиша указ за ограничување на бројот на Руси во амбасадите на непријателските земји

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој им се дозволува на властите да го ограничат бројот на Руси вработени во амбасадите на земјите што Москва ги смета за непријателски или целосно да го забрани нивното вработување.

Мерката, која Кремљ ја објави вчера, беше донесена по протерувањето на руските дипломати од повеќе европски земји и САД и реципрочните мерки од страна на Москва во претходните денови.

Со декрет, Путин и наложи на владата да состави список на земји за кои е решено да бидат непријателски расположени.

Покрај амбасадите, мерката вклучува и конзулати и канцеларии на државните институции во тие земји.

САД минатата недела протераа десет руски дипломати, обвинети за мешање во претседателските избори во 2020 година и учество во хакерски напади врз американските федерални агенции.

Чешката Република минатата недела протера 18 руски дипломати, кои ги обележа како шпиони, по што Москва прогласи 20 чешки дипломати за непожелни.

Владата во Прага реагираше на потегот на Москва во четвртокот, прогласувајќи други 63 руски дипломати за непожелни лица, така што двете земји ќе имаат ист број на персонал во амбасадите.

Минатата недела Полска протера тројца Руси, а Москва пет Полјаци.

Трите балтички држави, Естонија, Летонија и Литванија, протераа вкупно четири руски дипломатски претставници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот