Путин: Постои само една шанса за спас – мерките мора да бидат национален проект

Првичниот нацрт план за економско опоравување на земјите беше претставен од рускиот претседател на 2. јуни.

Мерките на националниот план за економски опоравување треба да бидат интегрирани во национални проекти, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со Советот за стратешки развој и национални проекти.

– Предлагам мерките од овој план да бидат вклучени, интегрирани во национален проект, изјавил Путин, пренесе Тасс.

Првичниот нацрт документ е земен како основа, по што е отпочната негова финализација.

Владината прес служба соопшти на 19. јуни дека прилагодениот нацрт е поднесен до претседателот на Русија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот