Путин појадува како цар, а вечера како слуга: Еве што никогаш нема да најдете на менито на рускиот претседател

Фото: Профимедиа

Се храни здраво и денот го започнува во базен.

Доволно е човек кога ќе ги погледне фотографиите на рускиот лидер да признае дека Владимир Путин на 65-годишна возраст е во прилично во добра форма во споредба со неговите врсници.

Најмоќниот лидер во светот, Владимир Путин, појадува како цар, руча како крал и вечера како слуга.

Се храни здраво и денот го започнува во базен, по што следи обилен појадок. Путин ужива во руската кујна и на неговото мени ретко може да се најдат меѓународни специјалитети.

Рускиот претседател, Владимир Путин(десно) и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (лево) јадат сладолед во Москва Фото: ЕПА

За појадок, Путин јаде каша, руско младо сирење со мед, и пие живи јајца од препелица, така велат новинарите кои имале можност некогаш да појадуваат со претседателот.

Тие, исто така, открија дека Путин сака да пие сок од рен и сок од цвекло.

-Навикнат сум на зелен чај … Обично не вечерам, немам време за тоа. Попладне се обидувам да јадам овошје и да се напијам кефир кога е тоа возможно, а кога не е, претпочитам да не јадам ништо – вели Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот