Путин побара да се формираат заеднички центри за воена обука со Белорусија

путин и лукашенко
Претседателите на Русија и Белорусија, Путин и Лукакшенко/ Фото EPA-EFE/SHAMIL ZHUMATOV / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара од неговата влада да преговара за формирање заеднички центри за воена обука со Белорусија.

Со денешниот декрет Путин ги задолжи министри за одбрана и за надворешни работи да преговараат со Минск за формирање на таквите центри.

Во уредбата не се наведени дополнителни информации.

Во средината на октомври, Белорусија и Русија најавија формирање заеднички воени сили, кои, според Минск, имаат чисто дефанзивен карактер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот