ПУТИН ПО ИТНИОТ СОСТАНОК СО ШОЈГУ: Смртта на 14 морнари е огромна загуба, наредив истрага - Слободен печат
ВестиПланета

ПУТИН ПО ИТНИОТ СОСТАНОК СО ШОЈГУ: Смртта на 14 морнари е огромна загуба, наредив истрага

Руската војска претходно денеска соопшти дека 14 морнари загинале во пожарот во подморницата.

Рускиот претседател, Владимир Путин изрази вечерва жалење за смртта на 14 морнари, кои загинаа во пожарот што изби во подморница на руската војска и додаде оти наложил истрага за несреќата.

– Ова е голема загуба за морнарицата и за целата војска – изјави Путин кој попладнево по информацијата за несреќата се сретна со министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.

Руската војска претходно денеска соопшти дека 14 морнари загинале во пожарот во подморницата.

Министерството за одбрана наведе дека пожарот избил вчера додека подморницата изведувала тестови во руските територијални води.

Наведено е дека огнот бил изгаснат благодарение на екипажот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close