Путин: Палатата не е моја, ви ги перат мозоците

Рускиот претседател Владимир Путин ги демантираше гласините дека поседува палата на Црно море.

Тој навел дека таа палата не му припаѓа на него, ниту пак на некој член од неговата фамилија.

ВИДЕО+ФОТО I Навални објави фотографии од наводната луксузна резиденција на Путин, Кремљ тврди дека ова е апсурдно

Путин на онлајн состанок со студенти рекол дека не го погледнал видеото кое претходниот викенд го објави опозицискиот лидер Алексеј Навали, пред се заради недостаток на време, и смета дека гласините за палатата се користат во обид за „перење на мозоци“ на Русите, пренесува ТАС.

„Не го погледнав цел филм туку само деловите кои ми ги подготвија моите соработници. Ништо од снименото на филмот не ми припаѓаше на мене ниту пак на било кој од моите блиски роднини. Никогаш“, рекол Путин.

Извор: Б92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот