Путин одбива да му честита победа на новиот украински претседател

Фото: Профимедиа

Како што пишуваат бројни светски медиуми, Рускиот претседател Владимир Путин одбива да му честита на новиот шеф на украинската држава Володимир Зеленски за неговата убедлива победа на вчерашниот втор круг од претседателските избори.

Весникот се повикува на изјава на портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, кој нагласи дека засега „се уште е многу рано да се говори за честитки за господин Зеленски“ или да се коментира перспективата за идната соработка меѓу Москва и Киев.

– Ние ги почитуваме украинските избори, уште повеќе што одлуката на луѓето беше многу јасна. Но, легитимноста на тие избори се уште е под знак прашање, бидејќи 3.5 милиони луѓе не можеа да гласаат – изјави Песков, алудирајќи на жителите на источниот украински регион Донбас, што е под контрола на локалните проруски сепаратисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот