Путин: Од 2035 до 2050 година Кина ќе стане прва економска сила во светот

Владимир Путин годишна средба со новинари EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

 Во периодот од 2035 до 2050 година, Кина неизбежно ќе стане водечка економска сила во светот според сите показатели, изјави рускиот претседател Владимир Путин на традиционалната годишна прес-конференција.

– Американците треба да сфатат дека не можат да го запрат развојот на Кина, истакна Путин.

Оваа година поради пандемијата на коронавирусот, на настанот присуствуваа само 500 новинари.

Рускиот претседател ја нарече одлуката на САД за бојкот на Олимпијадата во Пекинг „дипломатски погрешна и неприфатлива”.

– Спортот треба да ги обединува луѓето, а не да создава проблеми меѓу народите и државите, нагласи Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот