Путин: Нови мерки против тероризмот во Сирија
Путин, Рохани и Ердоган го осудија нелегалното одземање на нафтените фондови и непрописно присвојување на нафтените приходи, кои треба да и припаднат на Сирија.
Рускиот претседател Владимир Путин им понуди денеска на своите колеги од Иран и Турција, Хасан Рохани и Реџеп Тајип Ердоган, да разговараат за дополнителни мерки во борбата против терористите во Сирија.
На онлајн самитот меѓу тројцата лидери, Путин напомена дека една од главните цели на видео конференцијата е анализа на моментната ситуација во Сирија и договор за преземање натамошни мерки за обезбедување долгорочно нормализирање на состојбата во земјата.
– Пред се, тоа се однесува на продолжување на борбата против меѓународниот тероризам. Треба да разгледаме неопходни мерки за неутрализирање на терористичките групи, кои се уште се активни, нагласи рускиот претседтаел.
Путин, Рохани и Ердоган го осудија нелегалното одземање на нафтените фондови и непрописно присвојување на нафтените приходи, кои треба да и припаднат на Сирија.
Во заедничкото соопштение, тие ја осудија ситуацијата во североисточниот дел на Сирија, додавајќи дека стабилноста и безбедноста во таа област можат да се постигнат само врз основа на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите, согласувајќи се да ги координираат напорите во таа цел.