Зеленски: Путин нема да стави крај на војната

epa11228545

Киев утре ќе одржи мировни преговори со Русија ако Москва се повлече од целата украинска територија, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски по завршувањето на дводневната мировна конференција во Швајцарија.

– Но, Владимир Путин нема да стави крај на војната. Затоа, мораме да го спречиме со какви било средства, било воени или дипломатски. Западната помош не беше доволна за да се добие војната, но самитот покажа дека меѓународната поддршка за Украина не слабее, посочи Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот