Путин не размислува за својот статус по 2024 година: „Уште е рано!“

Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е премногу рано да се размислува за неговиот статус по 2024 година, кога истекува неговиот тековен мандат.

– Секој иден одговор ќе зависи од стремежот и аспирациите на народот – рече Путин во интервју за ТАСС.

– Не знам, ќе видиме. Јас сум уште четири години и немам одговор во моментов, рече Путин на прашањето за неговиот статус по 2024 година.

Според него, најважен е ставот на мнозинството граѓани. – Тоа е прашање на доверба, рече Путин.

Вториот, шестгодишен мандат на Путин истекува во 2024 година. Путин (67) е на власт во Русија повеќе од 20 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот