Путин наводно се отвора за преговори, САД испраќаат моќни проектили во Украина

Фото: EPA-EFE/SERGEY GUNEEV / KREMLIN POOL / SPUTNIK / POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со францускиот колега Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц вчера ја потврдил подготвеноста на Москва да ги продолжи мировните преговори со Киев, тврдат руските државни медиуми. Путин посочил и дека преговорите „се замрзнати поради Киев“, но ја потврдил руската „подготвеност да го продолжи дијалогот“.

Тројцата лидери се согласиле да останат во телефонски контакт, изјави за ТАСС портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по долгиот разговор меѓу тројцата лидери. „Тие ќе продолжат да комуницираат по телефон“, уверува Песков. Шолц и Макрон, според западните медиуми, го убедувале Путин веднаш да започне „сериозни преговори“ со Украин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на ова одговори со изјава дека сака да седне на преговарачка маса со Владимир Путин, бидејќи, како што објасни, сите други руски претставници не одлучуваат ништо.

„Нема со кого да се преговара, освен со него. Тој изгради држава во која никој друг ништо не одлучува“, рече Зеленски, цитиран од украинската агенција УНИАН.

Во меѓувреме, САД се подготвуваат да испратат ново моќно оружје во Украина за да и се спротивстават на Русија – ова го пренесе Си-ен-ен, повикувајќи се на „повеќе извори“. Новиот пакет помош би вклучувал ракетни системи со долг дострел, односно оние што Киев ги побара во последните недели. Конкретно, станува збор за системот Mlrs (Multiple Launch Rocket System), способен истовремено да истрелува повеќе проектили. Веста доаѓа 24 часа по предупредувањето од Русија кое ги предупреди САД да не ја „преминуваат црвената линија“ со обезбедување одбранбени системи за Украинците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот